Управниот одбор на АД ЕСМ именува времени координатори во РЕК Битола и РЕК Осломеј

Управниот одбор на АД ЕСМ донесе одлука за времено именување на координатори во двата клучни енергетски капацитети во земјава, РЕК Битола и Осломеј. За координатори со целосни овластувања за раководење со комбинатите се именувани Иван Куковски во РЕК Битола и Владимир Пејоски во РЕК Осломеј.
Од секторот за односи со јавност на РЕК Битола за МИА потврдија дека именувањето е во насока на динамизирање на инвестициските планови и интензивирање на активностите за обезбедување стабилно производство на електрична енергија во зимскиот период.
Управниот одбор на АД ЕСМ донесе одлука за времено именување на координатори во двата клучни енергетски капацитети во државата. За координатори со целосни овластувања за раководење со комбинатите се именувани Иван Куковски во РЕК Битола и Владимир Пејоски во РЕК Осломеј.
Иван Куковски е истакнат стручен кадар со исклучителен придонес во работата на компанијата и потврден професионалец кој изминатите децении остави траен белег во развојот на македонскиот електро-енергетски сектор. Во неговата богата кариера тој извршуваше високи и одговорни функции, меѓу кои во ХЕС Маврово, како директор на производство во АД ЕЛЕМ до 2017 година, а до јуни минатата година ја извршуваше и функцијата претседател на Надзорниот одбор на АД ЕСМ.
Владимир Пејоски, кој воедно е актуелен директор за развој и инвестиции и член на Управниот одбор на АД ЕСМ, е докажан експерт со титула магистер по технички науки и дипломиран машински инженер. Најголемиот дел од својата професионална кариера го помина токму во РЕК Осломеј, каде во детали ги познава сите оперативни и технички процеси. Под негово водство, Секторот за развој и инвестиции иницираше сериозни проекти за енергетска трансформација по долг период на стагнација, при што Пејоски одигра клучна улога во забрзувањето на проектите за фотонапонски електрани и реализацијата на втората фаза од ветерниот парк Богданци како дел од стратегијата за „зелена“ транзиција на компанијата.
Одлуката на Управниот одбор се темели на уверувањето дека долгогодишното искуство и познавање на состојбите во РЕК Битола и во РЕК Осломеј на новоименуваните координатори значително ќе придонесат за зголемување на доверливоста на комбинатите. Нивниот ангажман ќе биде примарно фокусиран на успешна реализација на енергетскиот биланс и одржување на стабилен енергетски систем во претстојните зимски месеци.
Станува збор за одлука од времен карактер, донесена со цел дополнително динамизирање на работните процеси. Во овој момент не се предвидени кадровски промени на раководните позиции. Главната задача на назначените координатори е да му пружат директна поддршка на менаџментот во двата комбинати, со цел побрза и поефикасна реализација на веќе утврдените производствени планови. Нивните овластувања се во целосна согласност со досегашните надлежности на членовите на раководството, што овозможува непречена координација и зајакнување на оперативниот капацитет, потврдија од секторот за односи со јавност на РЕК Битола.
МИА
Ново на Сител
-

СДСМ нема да ги гласа измените на Законот за прекршоци за Сејф сити
-

Утврдени кандидатите за новата ДИК
-

Минчев најавува реформи во државната служба - нема веќе доживотни и недопирливи функции
-

Мицкоски од Давос: Инвестиција од 100 милиони евра во развој на трет мобилен оператор
-

Синдикатите излегуваат на протест на 28 јануари за повисоки плати
-

Првиот долгометражен филм на Косара Митиќ „17“ ќе има своја премиера на 76. Берлински фимски фестивал
-

Македонија под снег, надлежните уверуваат дека сите патишта се проодни
-

Мицкоски во Давос ги презентира можностите за инвестирање во Македонија
