Уште 11 пациенти од повредените во пожарот во Кочани се лекуваат во странство
Вкупно 11 пациенти од повредените во пожарот во Кочани се лекуваат во странство. Од нив во Грција се тројца и тие се во добра, стабилна состојба, во Србија се четворица пациенти исто така во добра состојба, во Австрија е еден, стабилен и сместен на одделение, во Словенија е еден кој веќе посетува рехабилитација, а во Турција се двајца пациенти префрлени на одделение, на кои редовно им се прават преврски, соопшти денеска заменик-министерот за здравство Јовица Андовски.
Како што информира на брифинг со новинарите, во изминатиот период тим експерти од Велика Британија спроведоа интензивни обуки на 45 здравствени работници за физикална и психолошка рехабилитација на пациентите.
-Обуките беа спроведени во пет јавни здравствени установи, во Клиниката за пластична хирургија, физикална медицина во ГОБ "8 Септември" и во болниците во Штип и Кочани. По препорака на англиските експерти рехабилитацијата ќе биде во Кочани за повредените да бидат поблиску до својот дом, истакна Андовски.
На брифингот по кој е најавена и прес-конференција, се и директорот на ФЗО Сашо Клековски како и директорката на Клиника за пластична хирургија Јасмина Ѓорѓиевска Павловска.
Ново на Сител
-
Шефицата на Европската дипломатија Каја Калас во петок во Скопје
-
Македонија домаќин на 2200 војници од НАТО вежбата „Брз одговор 2025“
-
Форум: Мали држави - Големо влијание
-
Арсовска „фати“ дивоградба во Чаир
-
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не крие информации за златната виза
-
Преглед на вестите од светот
-
Лицата на приматели на семејна пензија можат да работат
-
Тема на денот со Илија Димовски