Македонија
9. October 2015 - 16:34

Уште две мигрантни се породија во Македонија

Авганистанка и Сиријка се породија во Скопје. И двете мигрантки на свет донеле  здрави машки бебиња. На Клиниката за Гинекологија биле донесени од екипи на Црвениот крст. 

-Првата пациентка е од Сирија, на возраст од 25 години, се породила вчера спонтано и е прворотка. Таа родила машко бебе со родилна телесна маса од 2,5 килограми и должина 47 сантиметри, кое е во одлична состојба. Втората пациентка е од Авганистан, на возраст од 21 година и е треторотка. Таа родила спонтано машко дете со тежина од 3,1 килограми и должина 50 сантиметри. Пациентката и бебето се во добра општа состојба, изјави д-р Ирена Алексиоска Папестиев од Клиниката за гинекологија и акушерство.

Во меѓувреме се зголемува бројот на бегалци кои транзитираат низ Македонија. Од синоќа до утринава од Гевгелија до Табановце стигнале околу 3700 мигранти. Досега низ земјава официјално поминале над 127.500 странски државјани, најголемиот дел се од Блискиот исток.