Уставниот суд утре ќе одлучува дали Џафери го дискриминирал Апасиев

Уставниот суд утре на седница треба да одлучи по барањето за слободи и права поднесено од лидерот на „Левица“ Димитар Апасиев, против поранешниот претседател на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери.
На 3 октомври 2024 година Уставниот суд одржа јавна седница со присуство на подносителот и поранешниот претседател на Собранието, Талат Џафери, кој во барањето е наведен дека со дејствие ја сторил повредата врз подносителот Апасиев.
Подносителот на барањето наведува дека претседателот на Собранието со неговото дејствие сторил повреда на правото на политичко дејствување на подносителот на начин што не бил прифатен Предлог за граѓанска иницијатива на државно ниво за распишување на дополнителен референдум.
Подносителот наведува дека му се повредени уставно загарантираните права, бидејќи претседателот на Собранието одбил да ја проследи иницијативата до надлежните собраниски работни тела за прибавување мислење за уредноста на иницијатива и ја прогласил за неуредна.
Во барањето се наведува дека претседателот на Собранието го повредува и правото на забрана на дискриминација по основ на политичка припадност, па така подносителот бил доведен во нееднаква и понеповолна положба споредено со останатите политички субјекти.
Станува збор за Предлог-барање за покренување граѓанска иницијатива на државно ниво за распишување задолжителен дополнителен референдум кој требало да овозможи понатамошно непречено собирање на уставно предвидените 150.000 граѓански потписи за распишување референдум со следното прашање: Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци бр. 08-3238/1 од 16 јули 2022 година.
Ново на Сител
-

Монтеко со две платинести и една сребрена награда во Белград
-

Вакцинацијата против грип ќе стартува следната недела - приоритетните ќе ги утврдува Комисијата за имунизација
-

Диспензирање на терапијата за мултиплрекс склероза
-

Проширувањето на ЕУ во сенка - Зеленски го превзема фокусот на состанокот на Европскиот совет
-

Преглед на вестите од светот
-

Загрозен балканскиот рис
-

Баргала, 16 века историја собрани во една книга
-

Преглед на вестите од светот
