-->
-->
Утре изменет сообраќаен режим на експресниот пат Штип - Кочани
-->

Министерството за внатрешни работи соопшти дека утре, 21 мај, од 09 до 12 часот поради изведување технички активности ќе биде пренасочен сообраќајот на експресниот пат А3 Штип - Кочани од клучката Крупиште до клучката Кочани.
Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе го пренасочува сообраќајот во тој период на стариот пат Штип - Кочани.
МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за изменетиот режим режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Врските на Заев и Филипче со политиките на Путин
-

СДСМ: Toшковски да поднесе оставка
-

250 анкетни листови од кочанчани против бетонизација кај „Панаѓурот“
-

Струмица започна долгорочен проект за озеленување на околината на градот
-

Поскапуваат градинките во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Експерти: Посетата на Руте, потврда за улогата на Македонија во НАТО
-

Тема на денот со Милан Стефаноски, воено-безбедносен аналитичар
