Утре протест на болните од цистична фиброза
Утре нов протест на пациентите со цистична фиброза. Точно напладне пред Министерството за финансиии ќе побараат државата да го обезбеди лекот Трикафта за сите.
-Немаме се уште официјален допис од страна на надлежните во однос на оваа проблематика иако неофицијално се слушаат одредени информации дека ќе добијат уште 18 пациенти, но тоа сеуште не е потврдено и не е кажано, иако неофицијалкно поминало на седница на Влада и има одлука, изјави Фиќи Гаспар, претседател на Асоцијацијата на пациенти со цистична фиброза.
Од Асоцијацијата инсистираат да има континуирана програма за набавка на лекот, а не еднократно и со интервенен увоз. Досега Трикафта примија 12 пациенти и кај сите нив има значително подобрување на здравствената состојба и имаат поквалитетен живот.
-Кај сите има изненадувачни позитивни резултати и поради тоа не треба да престанат, и треба да се обезбеди лекот за сите за да нема поделби и за да нема неизвесност и страв кај пациентите, категоричен е Гаспар.
Од Министерството за здравство изминатиот период неколку пати најавија дека работат на обезбедување на Трикафта за сите кои имаат потреба од лекот, но не соопштуваат до каде е постапката и кога ќе го добијат и други пациенти.
За да може оваа терапија да се купува директно од производителот беа направени и законски измени, а надлежните се заинтересираа за болните од цистична фиброза откако во февруари почина пациент чекајќи државата да му го набави лекот.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар