Утре седница на Советот за национална безбедност на Србија
Седница на Советот за национална безбедност на Србија ќе се одржи утре и со неа ќе претседава претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Седницата на Советот за национална безбедност доаѓа по неколкудневните протести низ цела Србија, за време на кои имаше судири меѓу демонстрантите, полицијата и поддржувачите на Српската напредна странка, а за време на кои во неколку наврати беа демолирани просториите на таа партија, како и некои локални институции.
Седницата ќе се одржи и откако Апелациониот совет на Судот на БиХ ја отфрли жалбата на Милорад Додик против одлуката на Централната изборна комисија со која му беше одземен мандатот како претседател на Република Српска по изрекувањето на судската пресуда. По одлуката на Апелациониот совет на тој суд, Додик официјално повеќе не е на функцијата претседател на Република Српска.
Претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ, изјави денеска:
Јас денес, ако ме прашате дали мислам дека настрешницата паднала, дека тоа било несреќа? Не… Не мислам така. Мислам дека сето тоа е организирано, планирано и мислам дека е урната како почеток на обоената револуција“.
Таа додаде дека иницијативата за советодавен референдум за импичмент на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, е во тек во Народното собрание и дека пратениците лесно би можеле, во рок од еден час, да иницираат советодавен референдум.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Поставување камен темелник на нова спортска сала во Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“
-
Охридско лето денес слави 65 години роденден
-
Зголемен интересот кај штипјани за имунизација со ХПВ вакцина
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Кирил Михаилов, заменик директор во Национални шуми
-
ВМРО-ДПМНЕ го осуди настанот
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло