Утре средба Муцунски-Чамова во Шведска

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на покана на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска и утре ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, што ќе се одржи во Хелсингборг, Кралството Шведска.
Како што соопшти МНРиНТ во рамките на состанокот, министрите ќе дискутираат за прашања поврзани со инвестициите во одбраната, состојбите во Украина, развојот на одбранбената индустрија, како и за други актуелни регионални и глобални безбедносни предизвици.
Разговорите ќе се одвиваат и во контекст на подготовките за самитот на НАТО во Анкара, што ќе се одржи во јули оваа година, на кој се очекува да бидат донесени важни одлуки за иднината на алијансата.
Во рамките на посетата, на покана на министерката за надворешни работи на Шведска, Марија Малмер Стенергард, министерот Муцунски ќе присуствува на прием за министрите во присуство на кралот Карл XVI Густаф и кралицата Силвија на Шведска, а предвидено е да оствари и повеќе билатерални средби.
МИА
Ново на Сител
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта
-

Шестмина заинтересирани за купување на Алта
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Камениот мост доби ново осветлување
-

Премиерот најави средба со потенцијални купувачи на Алта Банка АД Битола
-

Македонија доби подобар извештај од лани, но има уште многу задачи
-

Брисел бара посилна борба против корупцијата
-

Бизнисменот Зоран Азманов нападнат во судница во граѓанскиот суд
