Утринските температури над нулата, најмногу дожд на Попова Шапка и во Пожаране

Најниска темепратура утрово во земјава од 0 степени е измерена на Попова Шапка, соопшти УХМР. Следат Лазарополе и Mаврови Анови со 2 степени, 4 Kрушево, 5 Скопје-Петровец, Претор, Пожаране, Тополчани, 6 Скопје-Зајчев Рид, Берово, Крива Паланка, Тетово, Прилеп, Ѓуриште, 7 Куманово, Охрид, Битола, 8 Виница, Кавадарци, 9 Велес, Струмица, Штип и 10 степени Целзиусови во Гевгелија и во Демир Капија.
Во изминатите 24 часа до 07 часот утрово најмногу дожд наврнал на Попова Шапка и во Пожаране од 62 литри на метар квадратен, потоа во 60 Претор, 53 Маврови Анови, 46 Лазарополе, Тетово, 34 Охрид, 33 Битола, 16 Крушево, 15 Берово, 14 Струмица, Радовиш – Пожар, Пожар, 13 Прилеп, 12 Тополчани, 11 Скопје-Зајчев Рид, 8 Кавадарци, 7 Ѓуриште, Демир Капија, 6 Велес, Виница, 5 Гевгелија, 4 Скопје-Петровец, Штип, Крива Паланка, Куманово.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.
МИА
Ново на Сител
-

ДЗС: Безбедно отстранета ретка неексплодирана минофрлачка граната од 70 mm од Првата светска војна
-

Сообраќајот низ државните патишта се одвива во зимски услови, сите патни правци се проодни
-

Сакам да кажам со Горан Михајловски | Неформално | Sitel Podcast 134
-

Двајца мажи пронајдени мртви во викендица
-

Трамп: Го откажав вториот бран напади врз Венецуела
-

Почина жената што беше прегазена утрово кај ТЦ Беверли Хилс
-

16-годишник монтирал слики со експлицитна содржина од малолетничка во Куманово
-

Препознатливиот навивачки „брк“ Ристо Шиц ќе патува со Фалангата во Данска на ЕП
