Вадефул се заложи за укинување на принципот на едногласност во ЕУ во надворешната и безбедносната политика

Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, повика на укинување на принципот на едногласност во Европската Унија во областа на надворешната и безбедносната политика и негова замена со принципот на гласање со мнозинство, карактеристичен за демократиите.
-Во една демократија принципот на мнозинство е норма, а едногласноста исклучок – изјави Вадефул за време на заедничката прес-конференција со неговата ирска колешка Хелен Мекенти во Лондон.
Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ во јули.
-Ние мораме демократската норма да ја претвориме во норма и во Европската Унија – истакна Вадефул, додавајќи дека само така Европа може да остане способна да дејствува.
Вадефул оцени дека по изборите во Унгарија на 12 април и поразот на Виктор Орбан, сега постои поволен „временски прозорец“ кој мора да се искористи. Тој потсети дека Орбан, кој важеше за наклонет кон Русија, ги попречуваше гласањата во ЕУ во текот на 16-те години додека ја водеше земјата.
-Секој месец е важен, па дури и секоја недела – предупреди Вадефул, нагласувајќи дека „блокадите на кои бевме сведоци во минатото веќе не се нешто што ЕУ може да си го дозволи во овој сериозен светски контекст“.
Кратко пред да биде поразен, Орбан на крајот на март го блокираше заемот од 90 милијарди евра од ЕУ за Украина, што предизвика гнев кај германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој тоа го нарече „акт на груба нелојалност“.
Земјите од ЕУ вчера се договорија да го одблокираат заемот и да воведат нови санкции кон Русија, откако Унгарија се откажа од повеќемесечното противење.
Се очекува победникот на изборите во Унгарија, Петер Маѓар, да стапи на должност за две и пол недели.
МИА
Ново на Сител
-

Еден пратеник едно државјанство - почна постапката за носење на законот за пратеници
-

Собранието го отвори патот за укинување на техничката влада
-

Билатерална средба на Мицкоски со австрискиот канцелар Штокер
-

Новиот граничен систем да не важи за Македонците кои летово ќе одат во Грција, бара туристичката комора
-

ДКСК јавно ќе ги објави функционерите кои и покрај изречени казни не поднеле анкетен лист
-

МОН не е надлежно за случајот на Филозофскиот факултет - дали ќе има истрага?
-

Филипче: Градоначалникот на Крива Паланка мора да го слуша гласот на граѓаните
-

Квалитетна јавна служба, предуслов за членство во ЕУ
