Вајгл: СЈО да испорача резултати и да не зазема страна
Демократски, транспарентни и според европските стандарди, кои ќе бидат прифатени од сите политички партии, само таква реализација на изборите во декември ќе ја потврди желбата на Македонија за прогрес на европскиот пат. Европратеникот и известувач за Македонија од Европскиот парламент, Иво Вајгл порачува дека во овој момент е многу важно сите политички играчи да покажат волја за борба против корупцијата, но и да ги реализираат превземените обврски превземени со договорот од Пржино. Иста порака упати ЕК преку портпаролката Коцијанчич. И таа како и Вајгл упати апел да се овозможи СЈО да ги испорача резултатите, но со порака и до обвинителите да не навлегуваат во политичките води.
- Сега треба да му овозможиоме на СЈО да испорача резултати и да не се прават опструкции во неговата работа. Од друга страна, оваа институција не е политичка и не треба да зазема страна во јавните конфронтации во однос на политички прашања, туку треба да го одбере јазикот, методите и позицијата согласно валдеењето на правото - јазикот на правото, истакна Вајгл.
Оценките на експертите се дека проблемот со корупцијата е глобален и нема земја во светот која не вложува напори за справување со корупцијата. Она што загрижува во земјите од југоисточна е вропа е недостатокот на политичка акција.
На меѓународната конференција насловена Справување со корупцијата и заробената држава во Југоисточна Европа покрај гостите од невладиниот сектор, универзитетски професори, гости од институциите во соседството говореа и поранешни и актуелни министри и претставници од правосудниот систем.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
