Македонија
13. July 2021 - 17:09

Вакцинацијата продолжува во пунктовите и со теренски посети низ државата

За неполни два дена во струмичко вакцинирани 430 граѓани. 130 нив се жители на четирите села во кои веќе тече теренската вакцинација, додека останатите 300  ја искористиле можноста за имунизација без закажан термин и вакцината  ја примиле во здравствениот дом. Лекарите кои го спроведуваат процесот задоволни од интересот на граѓаните. Очекуваат во наредните денови тој  да се зголеми.

 За граѓаните новиот начин на вакцинација е подобар. Велат процесот тече брзо и без некое поголемо чекање.

Според најавите од здравствениот дом теренската вакцинација во струмичко ќе трае до 31 август. Во тој период мобилните тимови треба да посетат 58 населени места од четири општини во микро регионот. Паралелно со теренската ќе теќе и слободната вакцинација без закажан термин. од почетокот на процесот на имунизација во Струмица вакцина примиле над 30.000 граѓани. Најголем дел од нив веќе ги добиле и двете дози.