Вакцинацијата со намалено темпо, интерес има но вакцини се помалку
Нема точен датум кога земјава ќе ги добие 200.000 руски вакцини “Спутник В” кои според претходните најави требаше да стигнат до вчера. Министерот за здравство вели дека разговарал со рускиот амбасадор и чека повратна информација од производителот за терминот за дистрибуција. Во меѓувреме се чекаат и 500.000 вакцини од кинески “Синовак” кои треба да стигнат до 10 јуни, а неделава од Грција и Бугарија се очекува донацијата од 70.000 вакцини Астра Зенека кои ќе се користат само за лицата над 60 години.
Филипче потврди дека деновиве е намалено темпото за вакцинација со прва доза, наместо 13.000 се имунизираат по околу 2000 граѓани, но уверува дека процесот нема да запре.
-Имунизацијата нема да запре, вчера пристигнаа вакцини од „Фајзер“ кои се дистрибуираата, а во текот на неделава очекуваат и други вакцини да стигнат од Бугарија и Грција, изјави Венко Филипче, министер за здравство.
Додека бројките за прва доза се намалени, процесот за ревакцинација се одвива без проблеми. Само вчера имунизацијата ја завршиле 12.500 граѓани. Денеска го посетивме пунктот во Поликлиниката во Чаир.
-Процесот за вакцинација, односно ревакцинација овде се одвива без проблеми, изјави д-р Сељадин Мемети, директор во Поликлиниката Чаир.
Во овој пункт во моментот се врши само ревакцинација со кинеската Сихофарм.
-Добро оди, не чекавме веднаш завршивме, велат граѓаните.
Според здреавствените власти нема препорака за мешање на вакцините, првата и втората доза треба да се од ист производител.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
