Вардар во финалето против Охрид на ракометниот турнир Струга 2026

Вардар обезбеди пласман во финалето на традиционалниот Струшки ракометен турнир, откако во полуфиналето убедливо го совлада Бутел со 36-23.
Тимот на Иван Чупиќ одигра сигурен натпревар против градскиот ривал, кој од клупата го предводи легендата на Вардар, Стојанче Стоилов. Прашањето околу победникот практично беше решено уште по првите 30 минути, кога „црвено-црните“ имаа предност од 21-13.
Во финалето Вардар ќе се соочи со ГРК Охрид, кој исто така обезбеди место во битката за трофејот.
Домаќинот Струга, пак, заврши на второто место во својата група по минималната победа од 28-27 над српска Дубочица. Стружани на полувремето водеа со 14-12, а со триумфот си обезбедија настап во натпреварот за третото место.
Таму Струга ќе се сретне со Прилеп на завршниот ден од турнирот.
Ново на Сител
-

Од почетокот на енергетската криза бензините поскапеа за 18.5, а дизелот за 27.5 денари
-

Мицкоски за истрагата за унгарскиот заем од Маѓар: Коментарите се дека кредитот бил многу поволен за нас
-

Гаши на потег, ДУИ и Вреди во нов судир за законот за правична застапеност
-

Уапсен 19-годишен Македонец осомничен за обид за убиство во Будва
-

Преглед на вестите од светот
-

Клековски: Акутната фаза на епидемијата е во смирување
-

Пет пациенти на Инфективна клиника со западно-нилска треска
-

Мицкоски: Следната недела очекувам големо намалување на цените на бензините
