Вархеји: Политичката криза во Софија не треба да биде препрека за тргање на ветото
Политичката криза во Бугарија не е причина да се закочат преговорите за датум на Македонија.
Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји е дециден - да не се чека повеќе, меѓувладините конференции за Македонија и Албанија да започнат час поскоро.
Нема причина да чекаме уште поради внатрешни политички прашања во Бугарија, се надевам дека зборуваме за денови, а не за месеци или години кога станува збор за првите меѓувладини конференции со Северна Македонија и Албанија.
Но преговорите за укинување на ветото кон Македонија заглавија во слепа улица - во Брисел воопшто не се ни разговара за преговарачката рамка, во Софија пак целосен застој- еврокомесарот Вархеји вели нема никакви резултати од преговорите.
- Не сум запознаен со никаква преговарачка рамка, знам дека има комплетен застој во Софија, го поминувам речиси секој вторник во таа земја, без резултат, очигледно е дека внатрешната политика е способна да му наштети на кредибилитетот на ЕУ, нема преговарачка рамка во овој момент.
По не толку позитивните пораки од Брисел, Вархеји денеска се јави и на Преспа форумот во Охрид. Во контекст на четири годишнината откако се потпиша Преспанскиот договор и се реши спорот со Грција, еврокомесарот ја повика Бугарија да го стори истиот чекор.
Западен Балкан припаѓа во Европа, тврди Вархеји а лидерите на ЕУ едногласно ја изразиле поддршката за европската перспектива на регионот.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
