Вашингтон го предупреди Брисел да не ја ограничува набавката на американско оружје

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп им се закани на европските земји со контрамерки доколку ЕУ ги фаворизира домашните производители на оружје пред американските во набавките, објави бриселскиот портал „Политико“.
Пентагон изрази противење на каква било европска иницијатива за ограничување на пристапот до европскиот пазар за американската одбранбена индустрија, предупредувајќи дека таков потег би предизвикал слични мерки од Вашингтон.
Забелешките, според „Политико“, се вклучени во меморандумот поднесен како дел од јавната консултација од страна на Европската комисија претходно овој месец, откако извршната власт на ЕУ побара повратни информации од владите и претставниците на одбранбената индустрија за европските правила за набавка на оружје.
– САД остро се спротивставуваат на какви било промени на Директивата што би ја ограничиле можноста на американската индустрија да поддржува или на друг начин да учествува во националната одбранбена набавка на земјите-членки на ЕУ, предупредува американската администрација пред планираната промена на закондоавството за одбранбени набавки на ЕУ.
Претходно, и заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау, за време на состанок зад затворени врати во декември, остро ги критикувал европските сојузници во НАТО затоа што им даваат приоритет на сопствените одбранбени индустрии пред американските добавувачи на оружје.
Во последните години, Европската комисија се стреми да го зголеми уделот на Европа во договорите за јавни набавки на ЕУ. Со децении, Европа во голема мера се потпираше на американската воена опрема, од ловци Ф-35 Лајтнинг II до ракетни системи М142 ХИМАРС и противвоздушни ракети МИМ-104 Патриот, а речиси две третини од увезените системи за оружје на ЕУ доаѓаат од САД, пишува „Политико“.
ЕУ веќе им дава предност на европските компании преку програми како што се SAFE од 150 милијарди евра и опциите за купување оружје што Украина може да ги искористи од неодамна договорениот заем од 90 милијарди евра за Киев. Парите од ЕУ можат да се користат за купување воена опрема само ако најмалку 65 проценти од вредноста на опремата доаѓа од Европа
МИА
Ново на Сител
-

Дали изјавата на Филипче за заедничка одговорност за уставните измени значи покана за широка влада?
-

Тема на денот со Андон Чибишев, доктор
-

„Костал“ за 10 години стана петта извозна компанија во Македонија
-

Сиљановска збунета од објаснувањата за „шпиунската“ афера
-

Извештај на ФЗО: Вработени во општи болници имаат високи примања, а лекуваат малку пациенти
-

Мерц со иновативни предлози за проширувањето
-

Филипче: Иницијативата на Мерц е уште еден доказ дека постои желба за проширување на ЕУ
-

Мицкоски: Наскоро успесите на владата ќе ги гледаат само на телевизија
