Вашингтон со санкции за иранската управа задолжена за контрола на Ормутската Теснина
САД воведоа санкции против новоформираната иранска структура која, според Вашингтон, е задолжена за контрола на бродскиот сообраќај низ Ормуската теснина, соопшти американското Министерство за финансии.
Техеран на 15 април соопшти дека формирал нов државен орган насловен „Управа за контрола на Персискиот Залив“ (Persian Gulf Strait Authority), со основна задача управување со безбедноста и надзорот на морскиот премин.
Во соопштението на американското Министерство за финансии се наведува дека секое лице или субјект што соработува со тоа тело може да се соочи со санкции од САД.
Американскиот министер за финансии, Скот Бесент, изјави дека обидите на иранските воени структури да вршат притисок врз глобалната поморска трговија претставуваат закана за меѓународната економија.
Новото државно тело минатата недела објави мапа со која Техеран ги потврдува своите претензии врз дел од стратегискиот морски коридор низ кој поминува значителен дел од светската трговија со нафта и гас.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп: Не се каам за војната со Иран и не верувам во зборот „каење“
-

Холандски автобус со 48 лица се преврте во Швајцарија, има загинати и повредени
-

Изборите во Србија на 25 октомври ќе бидат најтешката битка во политичката кариера на националистот Вучиќ
-

Сончево и топло со мала до умерена облачност, температури до 35 степени
-

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“
-

Укинати пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење
-

Еден месец нема трага од Љупчо Стојановски – семејството со апел за помош
-

Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра
