Вчера 132 санкционирани возачи под дејство на алкохол, 114 без возачка дозвола
Во текот на вчерашниот празничен ден (01.05.2025), а како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 613 издадени платни налози дури 132 прекршоци се однесуваат за возачи кај кои после алкотестирање било утврдено недозволено количество на алкохол во крвта. Воедно биле откриени и 114 учесници во сообраќајот кои што немале возачка дозвола.
Инаку согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата 115 прекршоци се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење, 42 мерки за недозволено паркирање, додека пак прекршочно се казнети уште 37 лица кои не користеле сигурносен појас, изречени се 10 мерки за возачи на мотоцикл за неносење заштитна кацига како и седум санкции за возачи кои што говореле на мобилен телефон при возење.
Исто така а согласно Законот за возила, 24 возила биле отстранети заради тоа што биле нерегистрирани, а четири возила заради техничка неисправност.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-
Хајрлуахи: Прават дефокус од Рекет 2
-
СДСМ: АНБ да ги декласифицира документите
-
Владините возила добија црвени таблички
-
„Синот“ на струмичкиот театар го отвори 33. фестивал „Ристо Шишков“
-
Преглед на вестите од светот
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот парламентарен состав
-
Одбележан 8 ми Септември - Ден на независноста на Македонија