Македонија
12. July 2021 - 12:31
Вечерва стартува 61 издание на Охридско лето
Се е подготвено за 61 то издание на фестивалот Охридско лето. Свеченото отворање вечерва на Античкиот театар ќе биде во знакот на Чајковски во изведба на Националната опера и балет. Во проектот ќе учествуват над 90 уметници под диригентската палка на Бисера Чадловска.
Од 12 јули до 20 август на сцената ќе продефилираат над 500 уметници од 18 земји, а програмата вклучува врвни концерти со светски познати имиња, македонски уметници со светска слава, театри и повеќе национални оркестри.
Случувањата ќе се реализираат на три сцени во Античкиот театар, во Црквата „ Света Софија“ и Долни Сарај.
Затворањето на 61-то Охридско лето, ќе биде со Југословенскиот драмски театар,со претставата На отворено море на сцената на Долни Сарај во Охрид.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
