Македонија
1. October 2026 - 8:25

Ведро и студено утро и сончево преку денот

Ведро и постудено утро и сончево преку денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне  25 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека под влијание на поле со висок воздушен притисок следува период на стабилно време.

-Утрата ќе бидат ведри и студени со ниски температури кои наместа ќе се спуштат под нула степени. Во текот на денот времето ќе биде сончево и релативно топло, информира УХМР.

 

МИА

Ново на Сител