Велес: Вработен во црква нападнал 66-годишна жена во дворот на црквата
Во Секторот за внатрешни работи Велес вчера биле пријавени две одделни тепачки што се случиле на различни локации во градот.
Првиот инцидент се случил околу 15:30 часот во дворот на верски објект во Велес. Според информациите од портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, по кратка расправија, 70-годишниот Д.Б. од Велес, вработен во верскиот објект, физички ја нападнал 66-годишната Н.Р. од Велес. Потоа, Д.Б. бил физички нападнат од 66-годишниот И.Л. и 34-годишниот С.Л., двајцата од Велес. Случајот е документиран, и против сите инволвирани ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Вториот случај бил пријавен истиот ден, околу 18:30 часот. Триесет и седумгодишниот С.Р. од Велес информирал дека додека бил на работа во угостителски објект, бил физички нападнат од четворица негови колеги: 38-годишниот Д.Д., 45-годишниот Т.А., 50-годишниот С.С. и 38-годишниот Т.Б., сите од Велес. И овој случај е во фаза на документирање, по што ќе следуваат соодветни пријави.
СВР Велес работи на целосно расчистување на двата инцидента.
МИА
Ново на Сител
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница
-
Британски борбен авион Ф-35 изврши принудно слетување во Јапонија
-
Армијата и Министерството за одбрана им оддадe почит на загинатите припадници кај Љуботенски бачила
-
Приведени четири возачи за возење под дејство на алкохол
-
Нешто помалку од 1.600 хектари изгореле во пожарот во близина на Атина
-
Мицкоски: Почит и слава за хероите од Љуботен
-
На 12 и 14 август полагање на екстерните испити од државната матура во августовската сесија