Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник

Полициски службеници од СВР Велес ноќеска во 02.10 часот го лишиле од слобода 49-годишниот М.Н. од Велес откако при контрола на ул. „Благој Ѓорев“ утврдиле дека вози со 1,62 промили алкохол во крвта. Откако бил приведен нападнал полициски службеник.
Како што денеска информираат од СВР Велес, при сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал М.Н. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,62 промили алкохол во крвта.
Тој бил приведен во полициска станица, каде физички нападнал полициски службеник.
Известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени пријави по член 297-а и 383 од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, најавија од СВР Велес.
МИА
Ново на Сител
-

Татко и син осомничени за илегална трговија со марихуана во гевгелиско
-

Утринава се откажани сите летови од Скопје поради густата магла
-

Сиљановска-Давкова по повод 21 Декември - Денот на наставата на турски јазик: Да продолжиме да бидеме пример за заедништво во различноста и да се гордееме со нашата заедничка татковина
-

Пет лица повредени во сообраќајка кај Петровец
-

Рускиот преговарач вели дека разговорите за Украина се „конструктивни“
-

Нештетно уништени 22,3 тони киви за преработка
-

Најстудено утрово во Тетово, Битола, Прилеп и Берово со измерени -4
-

Скопје утрово е најзагаден град во Европа
