Македонија
22. April 2022 - 12:30
Велигденски ликовен хепенинг во Струмица
Најмладите од Струмица создаваа ликовни дела инспирирани од Велигден. Близу 300 деца од основните училишта, но и градинките беа дел од големиот велигденски Хепенинг што го организираше центарот за култура. За неколку часа со помош на сликарскиот материјал создадоа голем број мали уметнички преку кои ја покажаа нивната креативност, но и начинот на кој тие го гледаат големиот Христијански празник.
Од центарот за култура велат дека идејата за настанот била преку неформално дружење да се поттикне креативноста кај децата, но истовремено да научат нешто плус за традицијата и обичаите поврзани со големиот празник.
Според најавите ликовниот хепенинг ќе прерасне во традиција и во иднина ќе се одржува секоја година пред Велигден.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
-->
-->