Велика Британија: Децата родени во развиените области може да очекуваат да живеат до 19 години подолго од оние родени во посиромашните места

Децата родени во развиените области може да очекуваат да живеат до 19 години подолго од оние родени во посиромашните места, според новото истражување во Велика Британија.
Спорд податоци на Канцеларијата за национална статистика девојче родено во неразвиениот британски Нотингем помеѓу 2016 и 2018 година, може да очекува 54 години добро здравје, во споредба со девојка која е родена во развиен Вокингем и која може да очекува 72 години добро здравје.
Пред десет години, животниот век се зголеми за 6,5 пати побрзо за мажите и 8,2 пати побрзо за жените.
Од друга страна, во однос на временскиот период од 2009 до 2011 година, просечниот животен век во некои области се зголеми за дури 10 проценти, додека во други падна дури за шест проценти, покажа истражувањето.
„Без разлика која партија ја презема функцијата, тие ќе треба да ги направат долгорочните инвестиции потребни за да ги одржат луѓето здрави“, вели Џо Биби, директор во британската Фондација за здравје.
Студијата, врз основа на анализа на податоци за смртност, покажа дека додека луѓето во побогатите делови на земјата живееле поздраво и подолго, животниот век е намален за оние кои живеат во најразвиените области.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Ангелова победи на изборите за ректор на УКИМ - поените од институтите пресудија во трката
-

14 лица повикани во полиција за монструозното меѓуврсничко насилство во Ѓорче
-

Вонредни контроли на ДСЗИ поврзани со илегалните ботокси и филери
-

Сали: Интензивно работиме на реформите
-

ИПАРД средствата повторно се достапни за земјоделците, Брисел потврди дека нема пропусти
-

Се избира ректор на УКИМ
-

Жртвите во „Пулс“ починале од труење со јаглерод моноксид
