Вернер Херцог би сакал да снима филм на Марс

Германскиот филмски режисер Вернер Херцог ги сними „Фицкаралдо“ (Fitzcarraldo) и „Гризли-човекот“ (Grizzly Man), меѓу десетиците свои филмови и документарци. Во својата работа, честопати патувал на оддалечени места и важи за еден од германските режисери со светска слава, а сега вели дека сакал да патува и во Вселената, па дури можеби и да снима филм на Марс, иако, тоа на негови 83 години „може да биде тешко“, признава.
-Патувањето до Марс е технички тешко, одзема многу време и всушност е прилично бесмислено... Така што работењето на филмска сцена за Марс би било непријатно, се пошегува Херцог во изјавата за ДПА.
Тој смета дека роботите се многу посоодветни за таква мисија. - Тие можат да возат по токсична почва и вселенското зрачење не е смртоносно за нив. За нас, тоа би било како по своја волја да се пикнеме во микробранова печка, додаде тој.
Прашан, дали, сепак, сè уште би сакал да го направи тоа, режисерот одговори: - Со камера, да. Сепак, не очекувам тоа да се случи, заклучи тој, додавајќи ја крилатицата „Не станувам помлад“.
Херцог притоа рече дека би сакал да патува во Вселената и двапати се пријавил за вселенски лет, но бил одбиен.
-Јас, едноставно, премногу сум стар. Да се соочиме со тоа, вели тој.
Херцог неодамна ја доби наградата за филм - доделена од Фондацијата за филм и медиуми и Градот Келн. Неговиот нов документарец „Слонови духови“ беше дел од програмата на Филмскиот фестивал во Келн. Филмот следи биолог кој бара стадо уникатни слонови во суровите висорамнини на Ангола.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски
-

Дизелот од полноќ поевтин за 8 денари, бензините за 4 денари по литар
-

Македонија втора недела под топлотен бран - не се исполнети условите за црвена фаза
-

Пожарен аларм низ Европа: Македонија под висок ризик, огнот беснее во регионот
-

СДСМ поднесе кривични против здравствените власти - ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со години молчеле за неисправната вода
-

Истекува рокот за притвор на Груби, без обвинение следуваат поблаги мерки
-

Пристигнуваат тестовите за дрога – што треба да знаете?
-

Сејф сити се уште не ги казнува странските возачи, деновиве системот започнува да функционира на ГП “Табановце”
