Македонија
7. February 2026 - 16:36
Верските заедници ја поддржуваат трансплантацијата на органи
Верски заедници ја поддржуваат трансплантацијата на органите. Ставот на Православната црква во поглед на органодарителството е недвосмислен бидејки како што посочуваат на тој начин помагаме да се спаси и продолжи нечиј живот. Отец Азески вели дека преку проповедите и контактите со верниците тоа јасно го искажуваат и нагласуваат.
И од Католичката црква го имаат истиот став тие велта дека донирањето органи е херојство и ги повикуваат и потикнуваат верниците да донираат органи.
И од Исламската заедница порачуваат дека органите може да се даруваат бидејќи кој ќе спаси еден живот како да ги спасил сите луѓе.
Инаку свеста за донирање органи во земјава сеуште е на ниско ниво, а се поголем број лица чекаат на листите за пресадување орган.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
