Верстапен: Сега има шанси за титула

Возачот на Ред Бул Макс Верстапен по триумфот во Остин изјави дека постојат шанси за нова титула во шампионатот на формула 1. Холандскиот возач ја постигна 68.та победа во кариерата, а петти сезонава и така го намали заостанувањето зад водечките двајца возачи од Мекларен.
Ова беше неверојатен викенд за нас. Знаев дека трка нема да биде едноставна. Мислам дека разликата ја направивме со „првите гуми“. Тогаш успеав да направам предност и тоа ми овозможи да победам. Секако дека постои шанса (за титула), само треба да се навикнеме на вакви викенди, изјави Верстапен.
Оскар Пјастри (заврши како петтопласиран) води во генералниот пласман со 346 бодови, а Ландо Норис е втор со 332, додека Верстапен сега е на третата позиција, но со 306 бодови.
До крајот на шампионатот има да се возат уште пет трки, а следната трка се вози за Големата награда на Мексико овој викенд.
МИА
Ново на Сител
-

23 септември - ден на знаковниот јазик
-

Преглед на вестите од светот
-

Со изведување докази продолжува судењето за злоупотребите во Државна лотарија
-

Откриена нелегална плантажа со 680 килограми марихуана, приведени две лица
-

Националната стратегија за борба со корупцијата пред пратениците
-

Следната недела средба за правосудниот испит
-

Дел од граѓаните не знаат за своето културно наследство
-

Детството се сели на интернет, сè помалку игра, сè повеќе екрани
