-->
-->
Вестбрук прв играч во историјата на НБА со 200 трипл-дабл
-->

Кошаркарот на Денвер нагетс, Расел Вестбрук постигна 12 поени, 10 скока и 14 асистенции ноќеска на натпреварот со Мемфис на гостински терен.
Овој трипл-дабл беше 200-ти за 36-годишниот Американец во НБА. Тој стана првиот играч во историјата на лигата кој има вакво достигнување.
Во тековната сезона Вестбрук одигра 13 натпревари во НБА, со просек од 10,8 поени, 4,4 скока и 6 асистенции.
Инаку, Денвер го победи Мемфис со 122:110.
Со осум победи и пет порази, Денвер нагетс се наоѓа на 5. место во Западната конференција од НБА-лигата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за обрзование и наука
-

Преглед на вестите од светот
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски поради лошата состојба во земјоделието
-

Железничко поврзување Скопје - Софија во 2031 година
-

Обложувалниците против новиот закон
-

Крај на учебната 2025/2026 година и почеток на летниот распуст
