-->
-->
Вимблдон: Финале Ѓоковиќ-Алкараз
-->

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во петтото последователно финале на Вимблдон, откако за два часа и 47 минути го совлада Италијанецот Јаник Синер со 3:0 (6:3, 6:4, 7:6 (7:4)). Противник во недела ќе му биде Шпанецот Алкараз кој иста така убедливо со 3-0 славеше против Данил Медведев.
Во првиот гем од мечот Ѓоковиќ спаси две брејк топки, а потоа во следниот гем направи брејк и поведе со 2:0.
Во вториот сет судијата Ричард Хеј му одзеде поен поради силен извик при поен но Ѓоковиќ успеа да биде посилен од тоа и да поведе со 2:0.
Третиот сет се играше со тај-брејк во кој Ѓоковиќ подобро се снајде иако Синер водеше со 3-1 и на крајот славеше убедливо со 3-0. Во недела српскиот тенисер ќе се бори за својата 24-та грен слем титула и веќе постави рекорд со 35 финални грен слем натпревари. Доколку победи Ѓоковиќ ќе го израмни рекордот на Вимблдон со Федерер кој има осум трофеи во Лондон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со проф. Митко Панов, член на Комисијата за историски прашања со Бугарија
-

Запалена машина за железо причина за големиот пожар што ги вознемири скопјани
-

Судење за „Пулс“
-

Пожар во отпад во Шуто Оризари
-

Судење за „Пулс“
-

123 години од смртта на македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев
-

Мицкоски: Атмосферата со Бугарија ќе се вжештува - Филипче: Бугарите не ни се непријатели
-

Трибина: Темел на државноста - визија за иднината
