Винисиус доби минимална казна, неговата суспензија можеше да биде подолга

Дисциплинската комисија на „Шпанска фудбалска федерација“ му изрече минимална казна на напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, дисквалификувајќи го четири лигашки натпревари.
Во натпреварот против Виљареал (1:0), Винисиус беше исклучен затоа што го влечеше за коса Натан Салиба кога топката беше на другата страна на теренот. По црвениот картон, играчот продолжи да протестира против одлуката на судијата Исидро Дијаз де Мера. Неговите соиграчи мораа да го совладаат Бразилецот. Судијата, сепак, нагласи дека не можел да ги разбере зборовите што ги кажал Бразилецот.
За насилниот чин надвор од натпреварот за топката, Винисиус доби суспензија од два натпревари според член 130.2 од дисциплинските прописи, а уште два за вербален напад против судијата според член 127. Првата носи казна од два до три натпревари, додека втората носи казна од два до три натпревари или до еден месец. Така, комисијата изрече минимални санкции за секој прекршок.
Винисиус ќе ги пропушти натпреварите против Севиља, Барселона, Расинг и Валенсија.
МИА
Ново на Сител
-

Главната расправа за случајот со претепаната Сара одложена
-

Со боди камери и видеоповици ќе се документира семејното насилство
-

Западен Балкан бара побрза евроинтеграција
-

„Блек фрајдеј“ под лупа, инспекторите ќе проверуваат дали попустите се реални или маркетиншки трик
-

Паѓа невработеноста, расте неформалната економија
-

Почна сезоната на грип - за една недела во ИЈЗ пријавени се 188 случаи
-

Преглед на вестите од светот
-

Балканските лидери денеска во Охрид бараат заеднички одговори за европската иднина на регионот
