Виткоф ги нарече мировните преговори за Украина „продуктивни и конструктивни“

Соединетите Американски Држави и Украина водеа разговори со и без европски претставници за начините за завршување на војната во Украина за време на тридневните преговори во Флорида.
Дискусиите меѓу украинските и американските преговарачи опфатија мултилатерални безбедносни гаранции, како и американски безбедносни гаранции, напишаа специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, и главниот украински преговарач, Рустем Умеров, во идентични објави на Х.
Тие рекоа дека во разговорите станало збор и за понатамошен развој на плановите за економско закрепнување на Украина, додека земјата продолжува да се брани од руската инвазија.
-Во текот на изминатите три дена во Флорида, украинската делегација одржа серија продуктивни и конструктивни состаноци со американските и европските партнери, се вели во објавите.
-Украина останува целосно посветена на постигнување праведен и одржлив мир, додадоа тие.
Украински, руски и европски делегации беа во Мајами во текот на викендот за да ги продолжат преговорите за прекин на војната што Русија ја почна пред околу четири години, иако не беа одржани директни разговори меѓу украински и руски претставници.
Украински, американски и европски претставници водеа разговори минатата недела, во неделата и понеделникот во Берлин, во услови на засилен дипломатски притисок за изнаоѓање решение за конфликтот, а американските преговарачи рекоа дека ќе ги пренесат резултатите од Берлин на руските претставници во Мајами.
Рускиот преговарач Кирил Дмитриев, советник на рускиот претседател Владимир Путин, ги опиша преговорите во Мајами како „конструктивни“ по првата рунда во саботата.
-Во текот на изминатите два дена во Флорида, рускиот специјален пратеник Кирил Дмитриев одржа продуктивни и конструктивни состаноци со американската делегација за унапредување на мировниот план на претседателот Трамп за Украина, рече Виткоф во објавата на Х.
Ниту една од вклучените страни не откри дали е постигнат вистински напредок, пренесе ДПА.
МИА
Ново на Сител
-

Без вода утре дел од улицата „Наум Наумовски Борче“ во Центар
-

Изречени казни кон правни лица - загадувачи во Скопје, објави градоначалникот Ѓорѓиевски
-

Почина Васил Рингов
-

Двојно зголемени казни за модуларната во Тетово
-

Мицотакис за протестите на земјоделците: Нема да подлегнеме на уцени од оние кои бараат, а не се подготвени на дијалог
-

Сиљановска - Давкова: Ако има решение за Украина и Молдавија, лесно ќе се најде и за нас
-

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба во кошаркарски клуб Куманово
-

Чекор кон развој на современа реконструктивна микрохирургија - на Клиниката за пластична хирургија извршени две сложени микрохируршки операции
