Вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие, уапсени две лица

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во последното деноноќие има вкупно четири пријави за семејно насилство, додека две лица се лишени од слобода.
На 17.05.2026 во 04:00 часот во СВР Скопје, 29-годишна жена од Скопје пријави дека на 13.05.2026 околу 12:00 часот во семејниот дом на подрачје на Центар, таа и нивните две деца, биле физички нападнати од нејзиниот вонбрачен партнер Ш.Г.(32) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 16.05.2026 во 22:00 часот во СВР Скопје, 66-годишна жена од Скопје пријави дека подолг период таа и нејзиниот сопруг биле малтретирани од нивниот 19-годишен внук М.Т., кој им барал пари и им упатувал закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 16.05.2026 во 16:25 во радовишко село, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 51-годишен жител на тоа село. Според пријавеното, тој околу 15:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 40-годишна вонбрачна сопруга.
Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, известен е јавен обвинител и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 16.05.2026 во 04:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 31-годишен жител на струмичко село, постапувајќи по претходна пријава дека околу 04:00 часот во Струмица физички го нападнал неговиот брат.
Тој е задржан во Полициската станица Струмица, известен е јавен обвинител и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-

Ива Михаилова избегала од државата по козји патеки?!
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Поради паузи не се одржа седницата за опозициски прашања во Собранието
-

Поради паузи не се одржа седницата за опозициски прашања во Собранието
-

ВМРО-ДПМНЕ бара утре да продолжи надзoрната расправа за Aлта банка
-

СДСМ поднесе кривична против гувернерот за Алта банка
-

Новата шефица на ОЈО ГОКК најавува поефикасен прогон, Алта банка е меѓу темите што се следат
-

Радев: Проблемите на Бугарите во Mакедонија се влошуваат
