Вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, уапсени пет лица

Во текот на изминатото деноноќие полицијата лиши од слобда пет лица и со тројца извршен службен разговор во вкупно девет пријави за семејно насилство во Скопје, Куманово, Тетово, Велес и Штип информираат од Министерството за внатрешни работи.
Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 22:40 часот го лишија од слобода Ф.С. (32) од Куманово, по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
Полициски службеници од ПС Тетово вчера во 23:00 часот го лишиja од слобода В.С. (62) од Тетово, постапувајќи по пријава од неговите два сина дека околу 21:00 часот во семејниот двор, нивниот татко В.С., кој бил под дејство на алкохол, агресивно се однесувал и физички ги нападнал, а се заканувал и со остар предмет.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 22:10 часот во Чашка, полициски службеници од Полициското одделение Чашка го лишија од слобода Н.Д.(28) од Чашка, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 26-годишна вонбрачна партнерка, при што употребил и тврд предмет.
По извршени проверки било констатирано дека Н.Д. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 0,94 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во Велес, полициски службеници од СВР Велес вчера во 20:40 часот го лишија од слобода Д.Ш.(24) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во Велес и се заканувал на неговата 22-годишна поранешна партнерка и физички нападнал нејзин пријател.
Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Полициски службеници од СВР Велес вчера и денеска извршија службени разговори со Б.А.(60), Е.А.(22) и 20-годишната Ш.Р., сите од Велес. Претходно, во СВР Велес било пријавено дека во домот, Б.А.(32) од Велес бил физички нападнат од неговиот брат Е.А. кој употребил и дрвен предмет, а потоа и од неговата снаа Ш.Р. и неговиот татко Б.А..
Известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Во СВР Скопје, денеска во 00:10 часот 41-годишна жена од Скопје пријави дека на 04.07.2026 околу 20:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот сопруг З.Ј.(47) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во Скопје, 21-годишна девојка од скопско, вчера во 20:20 часот пријавила дека добивала закани од нејзиниот 24-годишен партнер. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во Штип, полициски службеници од СВР Штип вчера во 18:15 часот го лишија од слобода Р.С.(39) од Штип, по претходна пријава дека на 04.07.2026 околу 14:15 часот во семејниот дом на неговата 35-годишна поранешна сопруга и упатувал закани и ја прекршил судската одлука со која е изречена мерка за заштита од семејно насилство.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Во Полициската канцеларија Пехчево, вчера во 23:30 часот 46-годишна жена од Пехчево пријави дека околу 21:00 часот пред угостителски објект во Пехчево била физички нападната од нејзиниот сопруг И.К. За настанот е известен јавен обвинител од ОЈО Берово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Трамп: Проблемот во Франција не се училиштата, туку исламот кој сака да ја преземе власта
-

Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител
-

Несовесни студенти го поплавиле реновираниот студентски дом „Стив Наумов“
-

Обвинителството побара доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

21-годишен скoпјaнeц привeден oткако со мотoцикл удрил во пoлициски службeник
-

Груби на 13 октомври излегува од куќен притвор, нуди гаранција од 335.707 евра за укинување на дополнителната мерка на претпазливост
-

Мицкоски: Починати и иселени лица примале државна помош – откриени над 4.500 фиктивни корисници
-

77-гoдишен пeшaк починал откако бил удрен со патничко возило - возачот го напуштил местото
