Владата е стабилна, разговорите за пополнување на испразнетите места се во тек, вели премиерот Мицкоски

Владата е стабилна. Убедливата победа на локалните избори покажа дека оваа Влада има јасна и недвосмислена поддршка и оти носечки столб во таа Влада е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ја предводи. Време за политика и политиканство заврши. Да ги засукаме ракавите и да работиме, не чека многу работа, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Потврди дека има разговори за пополнување на исполнетите места во Владата по локалните избори и за најавената реконструкција, посочувајќи дека разговорите се тековни. - Не би можел ништо да споделам додека не биде. Ништо не е готово додека не е готово, рече Мискоцки.
Премиерот, кој одговараше на новинарски прашања по одбележувањето на 25-години од основањето на Фондот за здравствено осигурување, рече дека 11 јануари е датумот кој најмногу одговара за одржување на повторените локални избори во Гостивар, Центар Жупа, Врапчиште и Маврово Ростуше.
МИА
Ново на Сител
-

ЦУК: Проблеми со поплави во Охрид, Кичево, Битола, Гостивар и Тетово
-

Во Ресен препорачно да не се пие водата заради нарушен квалитет
-

Од утре дожд, снег и ветер
-

Македонците во Брисел го чествуваа Божик
-

Трошоците на живот на годишно ниво зголемени за 4,1 процент, а цените на мало за 3,6
-

Во првите десет месеци лани увезени 566,6 тони кафе, најмногу од Бразил, Италија и Косово
-

Патот Струга-Ќафасан пуштен за сите видови возила, снег на повеќе места
-

Фокс њуз: Трамп одобри царини од 500 проценти за земјите што купуваат евтини енергенси од Русија
