Македонија
8. January 2026 - 13:29

Во Ресен препорачно да не се пие водата заради нарушен квалитет

Поради интензивните врнежи и огромниот природен прилив на вода, моментално е нарушен квалитетот на водата во делови од водоводниот систем. Заради безбедност на граѓаните, водата привремено не се препорачува за пиење, соопштија од ЈКП Пролетер“-Ресен.

Од Јавното комунално претпријатие Пролетер“-Ресен појаснија дека нарушениот квалитет на водата е последица на екстремните временски услови, а не на самата мрежа.

- Нашите екипи се на терен и веднаш по стабилизирањето на природниот притисок и квалитет, водата ќе биде вратена во редовна и безбедна состојба, нагласија од ЈКП Пролетер“-Ресен.

 

МИА