Македонија
18. July 2023 - 21:16

Владата и синдикатите ставија потпис на Општиот колективен договор - растат платите на администрацијата

10 отсто повисоки плати за административците од септември и регрес за годишен одмор. По 10 000 денари к-15 ќе добијат за прв пат и вработените во здравство, полиција, армија, образование.  Владата и ССМ го потпишаа новиот општ колективен договор, со кој преку утврдената методологија ќе растат платите за јавниот сектор од март 2025 година. ССМ прогласи голема победа со  оваа спогодба.

За овие покачувања ќе бидат потребни околу 3 милјарди денари, кои владата ќе ги обезбеди со ребаланс на буџетот во септември.

КСС остро се спротиставија на овој договор бидејќи работниците немало да добијат повисоки плати во 2024. За нив не е спорна методологијата чија примена ќе почне од 2025та.

И Владата и ССМ потенцираа дека со овој нов договор, се елиминира политичкото влијание за повисоки плати, сите во јавниот сектор ќе знаат кога и колку ќе им бидат покачени платите. Премиерот Ковачевски на фејсбук прогласи голема победа на работниците и напиша:

„Заеднички со синдикатите дојдовме до системско решение за раст на платите и пензиите, кое нема да зависи од волјата на ниедна полтичка партија и сега и во иднина.“

Инаку, претходно именуваните функционири за себе си обебедија повисоки плати за околу 80 проценти.