Македонија
30. August 2022 - 12:26

Владата ќе организира Фестивал на храна и вино во Струмица

Во рамки на иницијативата Отворен Балкан на 7 септември владата во Струмица ќе организира  регионален  фестивал на храна и вино. Фестивалот се организира како продолжение на саемот на  вино, храна и туризам кој од 1-4 септември се одржува во Белград.

Фестивалот ќе ги понуди најдобрите регионални и локални винарии, регионални изложувачи на храна како и произведувачи на традиционални органски специјалитети од македонската кујна. Според најавата присутни ќе бидат најдобрите готвачи од најпознатите струмички ресторани и учениците од Средното кулинарско училиште кои заедно ќе подготвуваат  локални специјалитети.

Фестивалот  е планирано да се одржи  во струмичкиот градски парк и ќе биде отворен за сите посетители кои сакаат да се запознаат гастрономската понуда на Струмица и регионот.

Овој фестивал на вино и храна се одржува во соработка со реномираната организација Егзит во чија организација е и веќе најавениот музички хепенинг ќе настапат едни од најпознатите имиња на регионалната и светската електронска музичка сцена.