Македонија
24. July 2025 - 12:17

Владата ќе откупи 9000 тони пченица од индивидуалните земјоделци за стоковите разерви

Владата донесе одлука, покрај ориз, за потребите на стоковите резерви да се откупува и пченица. Ова е прв пат стоковите резерви да се полнат со домашна пченица, а земјоделците да склучуваат договор директно со државата.

- Претходните години немаше законска основа, па можеше стокови резерви да се полната од друга држава, од увоз.  Ова е прва година за стокови резерви да се откупува пченица и ориз, на еден начин да им се помогне на земјоделците, изјави Гоце Серафимовски, претседател на Асоцијација на земјоделци.

Законската регулатива овозможува секој индивидуален производител да може да го понуди сопствениот производ. Максималната откупна цена е 13 денари без ДДВ, но ќе зависи и од хектолитарската тежина, односно, квалитетот на пченицата.

- Секој земјоделец ќе може да аплицира, сега за неколку дена ќе излезе оглас од Платежната агенција, за да може да продаде од минимум 5 тони до максимум 40 тони пченица. Цената ќе биде 13 денари за килограм, со тоа што, на 75 хектолитри ќе биде 12 денари, помалку од 75, 74 и помалку хектолитри ќе биде 11 денари, а над 75 хектолитри 13 денари, додаде Серафимов.

Вкупната количина која ќе биде откупена 9000 тони меркантилна пченица. Годинава под лебно зрно беа посеани 70.000 хектари.