Македонија
26. December 2025 - 12:18

Владата нема проблем со дислокација на цементарница Усје

Владата ги очекува заклучоците кои синоќа пред полноќ ги усвои советот на Град Скопје.

Меѓу нив е и дислокација на Усје и сите големи индустриски загадувачи надвор од скопската котлина, како и барање до Државниот инспекторат за животна средина да изврши серија ненајавени вонредни испекциски надзори врз работењето на Усје.

Премиерот вели она што е проблем за граѓаните е проблем и за владата, но нагласи дека загадувањето на воздухот е резултат на децениска негрижа на населението да му се обезбеди алтернативен начин на затоплување на домовите.