Владата прогласи кризна состојба од 30 дена поради пожарите
Владата донесе одлука за прогласување на кризна состојба од 30 дена на цела територија на државата поради зголемената појава на пожари.
Портпаролката на Владата Марија Митева попладнево на прес-конференција соопшти дека одлуката е донесена врз основа на денешната седница на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот со кризи.
-Ова на терен значи дека се овозможува интегриран пристап и координирано дејствување на сите надлежни институции - Армијата, полицијата, сите противпожарни единици, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување и локалните самоуправи. Ќе се мобилизираат сите ресурси вклучително и човечки, технички, логистички се со цел да се справиме со пожарите и заштита на населението, рече Митева.
Владата, како што посочи, ќе обезбеди помош за сите засегнати подрачја со цел спречување на поголеми последици.
Ги повика граѓаните на максимална внимателност и почитување на сите препораки и забрани.
Ново на Сител
-
Уапсен крадец во Велес, извршил повеќе кражби во еден ден
-
ОЈО: Пред убиствата вујкото му ја препишал куќата на внукот, имало неразрешени семејни недоразбирања
-
Во куќата на убиецот се пронајдени трите тела во Прилеп - Фрлил бомба кон полицијата пред да се самоубие
-
Рускиот министер за надворешни работи пристигна во посета на Кина
-
За осум часа 128 сообраќајни прекршоци на територија на СВР Скопје
-
Сиљановска-Давкова на отворањето на „Охридско лето“: Во фестивалот се вткаени цели епохи на музичката, драмската и ликовната уметност
-
Русија во текот на ноќта соборила 36 украински дронови
-
На Табановце зголемена фреквенција на возила, се чека 40 минути