Македонија
23. August 2021 - 16:46

Владина кампања – „За моментите на среќа вакцинирај се!“ - Министерот Филипче не го менува ставот кој имунитет е подобар

На новиот делта сој можеме сериозно да се спротиставиме само со вакцина и за тоа е потребно 80 проценти од населението да биде имунизирано. Министерот Филипче и натаму тврди дека единствено вакцинацијата создава траен имунитет во борбата со Ковид-19. Ги следат сите научни истражувања и студии и за сега ставот на здравствените власти е непроменет во однос на масовната вакцинација без оглед дали некој ја прележал болеста или не. Последното британско истражување за имунитет кај прележаните и оние кои примиле вакцина, покажува дека за 7 проценти подобар имунитет имаат луѓето кои не се вакцинирани а биле заразени со вирусот во споредба со оние кои примиле вакцина од АстраЗенека.

Владата промовираше кампања „вакцинирај се“ со која ќе го поттикне населението да пристапи кон вакцинација. Премиерот и министерот најавија дека преку видео спотови ќе не потсетат што се сме имале а сега ни е оневозможено поради вирусот. Тврдат дека со оваа кампања ќе обезбедат масовно информирање на граѓаните со релевантни факти и податоци и сериозно ќе пристапат да ги сузбијат лажните вести и антиваксерски кампањи.

Здравствените власти се задоволни од ефектите кои ги донеле новите мерки, 12 000 граѓани со прва доза се вакцинираат на дневна основа. Солидни бројки има и кај накритичните ресори здравствени работници и вработени во училишта и градинки што е добар податок во пресрет на учебната година но и замавот кој го зема новиот ковид бран потенцира министерот. Во врска со информациите и антиваксерски ставови кои ги споделуваат лекари по социјалните мрежи, Филипче информира дека истите ги следи лекарската комора од каде наскоро ќе се произнесат со став.