Власта го одби предлогот на опозицијата за помош на граѓаните
Граѓаните да може да купуваат храна без ДДВ, а даночната вредност за горивата да биде намалена на 5% до крајот на годинава-овој предлог закон на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, со 51 глас против не беше усвоен на денешната собраниска седница. Не беше изгласан ниту предлогот да се намалат за 50% акцизите на течните горива. Сиромашен народ- богата држава, беше реакцијата на најголемата опозициска партија.
Но од ВМРО-ДПМНЕ, не се откажуваат. И утре истиот предлог ќе повикаат да биде ставен на гласање, по итна постапка. Побараа од владејачкото мнозинство да се вразумат и да им помогнат на граѓаните да можат да врзат крај со крај во ек на економска криза.
Од СДСМ пак, со најава за нови владини мерки за ублажување на ценовните шокови.
“Опозицијата предлага откажување на државата од приходи од ДДВ и акцизи, што значи помал прилив на средства во буџетот, предлага зголемување на плати со поголеми проценти ( иако во 11 годишното владеење не презеле ништо) што значи поголеми трошоци во буџет, а од трета страна да нема задолжување. Тоа во економската наука и пракса нема логика, ниту некој може да го спроведе. Тоа е чист популизам.”
На први овој месец престанаа да важат тримесечните мерки со кои се ублажуваше економската криза, па се одмрзнаа цените на основните прехранбени производи, а цените на горивата секојдневно растат. За справување со ценовните шокови, од Владата најавија нови таргетирани антикризни мерки, со Ребаланс на буџетот.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
