Власта и опозицијата не се блиску до договор за СЈО- опозицијата бара вклучување на Венецијанската комисија
Дали е можен договор меѓу власта и опозицијата за законот за јавно обвинителство пред да биде затворен извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава? Судејќи по последните ставови на двете страни, суште се далеку од компромис.
Опозицијата нема да отстапи од барањето законот да биде испратен на мислење во Венецијанската комисија иако тоа ќе значи оддолжување на неговото гласање.
- СДСМ и ДУИ уште во март го усогласиле текстот. Ако тогаш законот беше испратен до сега ќе имавме мислење од Венецијанската Комисија. Но дури и сега со ургенции како држава, можеме за еден месец да добиеме мислење за спорните членови, изјави за Сител Антонио Милошоски од ВМРО ДПМНЕ.
Додека ВМРО-ДПМНЕ тврди дека отворените постапки по јуни 2017та односно по истекот на мандатот за покренување обвиненија на СЈО се спротивни на меѓународното право, владата смета дека опозицијата всушност бара амнестија за обвинетите лица.
- За жал прееговорите тешко одат, но се надеваме на компромис, изјави Радмила Шеќеринска, министер за одбрана од СДСМ
- Било кој овластен тужител, обвинител било кога повторно може да ги отвори овие постапки, додаде Милишоски.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека власта ќе прифати и персонални промени во сосртавот на Специјалното јавно обвинителство.
Меѓународната заедница инсистира на донесувањето на Законот за обвинителство со кој ќе се регулира статусот на СЈО. Иако формално не претставува услов за добивање датум за преговори, иднината на ова обвинителство силно ќе влијае на позициите на неколку земји членки како Холандија и Франција кои инсистираат на принципот на владеење на правото и воспоставување одговорност за сите потенцијални злоупотреби кои може да произлезат од прислушуваните разговори.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
