Власта и опозицијата се договорија, се гласаат законите во Собранието
Полна собраниска сала, пратеници буквално од сите пратенички груби. Слика која ретко може да се види во македонскиот парламент. Исклучокот е резултат на договорот меѓу власта и опозицијата да се донсат околу 40тина законски решенија од социјалната и финансиската сфера, како услов на премиерот Зоран Заев да не се одложат предвремените избори од 12 април.
Опозициските пратеници нема да гласаат за сите закони кои треба да пројдат на оваа седница, но нема да излегуваат од салата и ќе го обезбедуваат кворумот. Од друга страна ќе дадат поддршка на зкаоните кои се од користи на гражаните, како што е покачувањето на пензиите. Планот е да се работи до доцните часови, па дури и викендот, со цел да се заврши работата.
Од опозицијата велат дека обвинувањата на власта за блокада на собранието паднале во вода, а Заев повеќе нема изговор за одложување на изборите.
Во пакетот договорени закони, не влегуваат измените на изборниот законик за една изборна единица иако и тоа е системски закон. Носењето на овој законско решение заглави со архивирање на околку 6.000 амандмани поднесени од ДУИ и од ВМРО-ДПМНЕ. Услов не е ни законот за одбрана, потврдуваат од власта иако го сметаат за клучен за НАТО членството.
На 3 јануари салата треба повторно да биде полна за избор на техничката влада.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
