Македонија
15. February 2021 - 17:01

Власта не отстапува од пописот, опозицијата од собирањето потписи

Премиерот Зоран Заев не попушта за пописот во април дури и по повторените повиците на шефот на државата Пендаровски за одложување на статистичката операција за месец до два додека не почне да се спроведува помасовно вакцинација против коронавирусот. Заев е дециден дека дебатата за пописот е завршена.

Од друга страна, опозициската ВМРО-ДПМНЕ вели дека во текот на неделава ќе го почне да собира граѓански потписи како поддршка на пратеничките за нов предлог-закон за укинување на пописот во април. Од таму се убедени дека на Заев му е потребен брз попис за да остане на власт.

Иако и двете страни го прифаќаат предлогот на БЕСА во личните документи да стои и етничката опредлба, власта и опозицијата се обвинуваат кој стои зад блокадата на Левица на законот со над 1.200 амандмани.

Покрај Левица против законот за лични карти се изјасни и Демократски сојуз на Павле Трајанов кој е во коалиција со СДСМ и БЕСА