Македонија
17. April 2021 - 16:52

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Филипче, СДСМ обвинува дека шират лажни вести

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од министерот Венко Филипче и на денешниот протест кој веќе 5 недела се одржува пред министерството за здравство.

Велат дека ќе одговара за се што направил за време на корона кризата.

Ние имаме министер кој што наместо да најде вакцини, наоѓа фирми како ќе заработи од тие вакцини. Ние имаме министер кој наместо да набави респиратори, тој наоѓа фирми како ќе се збогати од тие респиратори. 

Од опозицијата обвинуваат дека министерот постојано давал лажни најави за вакцини. Од 122 држави рангирани од Блумберг за вакцинација, Македонија е на 118 место заедно од Уганда и Екваторијална Гвинеја.

Пред завршување на протестот демонстрантите ги запалија двата картонски мотори пред министерството, а фрлаа и балони со вода на зграда која ја обезбедуваше полиција.

Од СДСМ пак обвинуваат дека опозицијата шири лажни вести.

 „ВМРО-ДПМНЕ уште на самиот почеток на пандемијата започна со манипулации и ширење на лажни вести. Ја манипулираа јавноста дека немало доволно тестови и дека министерството за здравство ги штелувало бројките на заразени и починати, па дури и дека здравствените работници немале доволно здравствена опрема за работа со ковид пациенти“.

Костовски вели вакцинацијата се одвива добро, досега вакцина за заштита од ковид 19 примиле над 35 илјади граѓани, додека пак, за вакцинација се пријавени речиси 160 илјади граѓани.