ВМРО-ДПМНЕ: Груби ќе одговара - правда ќе има

Го разбираме револтот на граѓаните од одлуката на правосудните органи со 2 отсто доверба од граѓаните за случајот со Артан Груби. Тоа незадоволство доаѓа по 7-годишна агонија на правосудните органи, кои беа под политичка тортура и притисок на криминалната банда СДС - ДУИ и серија неказнивост за политичарите, кои од просечно ситуирани граѓани станаа олигарси на грбот на граѓаните. Тоа време заврши, а криминогениот и до гуша во афери Артан Груби ќе одговара.
Извршната власт во овој случај има обврска да го обезбеди бегалецот пред органите на правдата и тоа МВР го направи.
Што се однесува до лицемерството на СДС, тоа се гледа и во фактот што до вчера велеа дека власта го пуштила да избега, а од денес велат дека е договорено неговото обезбедување пред органите на прогонот. Вистината е дека Артан е ортак во криминалите на Заев, Филипче, Спасовски и сите заедно ќе одговараат. Судскиот процес за Артан почнува, а допрва ќе почне и за сите негови ортаци. Правда ќе има.
ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Четири години војна
-

Куќен притвор за Артан Груби
-

СДСМ: Се е однапред договорено
-

Минималната и функционерските плати во Собранието
-

Се поместува возрасната граница на пациенти со коронарна артериска болест
-

Ново возило за чистење канали во Босилово
-

Преглед на вестите од светот
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
