ВМРО-ДПМНЕ: Климентовото дело за нас значи светост, име и презиме кои сме, од каде сме, какви се нашите корени

Климентовото дело за нас значи светост, подвик и идентитетска насока, име и презиме кои сме, од каде сме, какви се нашите корени и за што се бориме токму ние како Македонци
Градскиот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во сорабoтка со централната комисија за култура на партијата денеска по повод 8ми Декември, Св.Климент Охридски организираше трибина насловена „Македонија, придонесот и континуитетот од Св. Климент Охридски до денес“.
На трибината, претседателката на Градскиот комитет на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, Слободанка Џеповска објаснувајќи за животот и делото на Св. Климент Охридски истакна дека Климентовото дело за нас значи светост, подвик и идентитетска насока, име и презиме кои сме, од каде сме, какви се нашите корени и за што се бориме токму ние како Македонци.
Кога станува збор за Св. Климент и неговите дела тогаш можеме да кажеме дека станува збор за основоположник на се што е македонско и се што е значајно за нас како Македонци. Бидејќи биле свесен дека со својот говор може да допре до своите слушатели, до сиот народ и до генерациите кои ќе дојдат по него тој основал универзитет во Охрид, прв од таков вид, не само на Балканот туку и во целиот словенски свет. Низ оваа висока просветна богословна институција во текот на 30 години поминале околу 3.500 ученици на кои им биле откриени длабоките вистини на светото писмо и на светото предание. Никој никогаш не го видел Св. Климент да се одмара, туку напротив тој постојан бил зафатен со работа.И деца учел и книги пишувал. Поголемиот дел од своето време го поминувал во молитви и богомислие.Неговиот труд не останал без плод. Неговите ученици напредувале и во знење и во добродетален живот. Климентовото дело за нас значи светост, подвик и идентитетска насока, име и презиме кои сме, од каде сме, какви се нашите корени и за што се бориме токму ние како Македонци, посочи Џеповска.
Професорот Михајло Марковиќ, рече дека е важно да ја повторуваме македонската вистина по однос на милениумскиот континуитет и милениумскиот пат на еден од најстарите јазици во светот, а тоа е македонскиот јазик кој што несомнено влезе меѓу 10те најстари јазици.
Важно е да знаеме да ја повторуваме македонската вистина по однос на милениумскиот континуитет и милениумскиот пат на еден од најстарите јазици во светот, а тоа е македонскиот јазик кој што несомнено влезе меѓу 10те најстари јазици кои што имаат свои долговековен и милениумски континуитет. Не само како јазик туку како културолошки код кој што денес ние го имаме, изјави Марковиќ.
На настанот свое обраќање имаше и проф. д-р Бранислав Светозаревиќ, кој се осврна на македонскиот јазик низ сведоштвата на европските автори од 15-тиот до почетокот на 20-тиот век. Тој набројувајќи безброј сведоштва од странски автори додаде дека со истите треба сериозно да се позанимава македонската наука.
„Сите факти и сведоштвата од Европа објавувани во вековите наназад во кои се зборува не за словенски јазик од Македонија, туку за македонски јазик кој го зборуваат Македонците од тоа време се вистински предизвик за нашата наука. Ќе треба многу да се вложува за да овие вистини допрат до сите нас и до светската јавност. Особено ќе има работа за лингвистите но и нова главоболка за македонските негатори, но денот во кој го прославуваме Св. Климент и неговото дело нека остане вечна инспирација на сите Македонци да си го почитуваме и негуваме македонскиот јазик, затоа што Конески не поучи дека јазикот е нашата татковина, а Мисирков запиша: „Значит да се откажит једен народ од својот јазик, се велит да се откажит он и од сам себе и своите интереси“. Нека е честит празникот“, потенцираше Светозаревиќ.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Алиу: Отворен Центар за третман на дебелина кај децата на Детската клиника
-

Ѓорѓиевски: Темелна реконструкција на улица „Загребска“ и изградба на потпорен ѕид
-

Над 16 илјади казни за еден месец, најмногу за брзо возење, одземени 238 возила
-

Средношколци со социјален танц-театар пред Собранието повикаа на поголема заштита од врсничко насилство
-

Судење за „Онкологија“: Препишувањето неделотворни лекарства довело до штета на буџетот
-

Дизелот поевтинува за 6,5 денари по литар - бензините поскапуваат за 0,50 денари по литар
-

Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
-

Потребата од згрижувачки семејства е постојана, неопходно е да се зголеми свеста за оваа хумана мисија
