Македонија
19. November 2021 - 21:20

ВМРО-ДПМНЕ на 12 декември ќе одржи конгрес на кој ќе се избира претседател на партијата

ВМРО ДПМНЕ ќе одржи конгрес на 12 декември на кој ќе се избира претседател на партијата. Во следниот период ќе има јавен повик за кандидат за лидер иако извесно е дека ќе биде реизбран актуелниот претседател Христијан Мицкоски кој  ужива најголема доверба. На централниот комитет вечерва е донесена одлука Конгресот да се одржи во Скопје.

Разговарале и за актуелната политичка ситуација и случувањата во собранието. Мисајловски вели дека наредните денови продолжуваат со разговори со сите политички партии вклучувајќи ги и Алтернатива. Остануваат на ставот за брзи предвремени избори.

На конгресот ќе се разговара за многу новитети, за идното делување и политиките на партијата. Ќе бидат поканети и гости а конгресот ќе се одржи во спортската сала Јане Сандански.