ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев ја претворија Македонија во нарко картел

Македонија во време на владеењето на СДС, Зоран Заев и Венко Филипче наместо строго контролирано производство на канабис за медицински цели, беше претворена во балкански нарко центар за шверц на марихуана на црниот пазар, велат од ВМРО-ДПМНЕ во своето соопштение.
„Последната заплена од околу 40 тони марихуана јасно покажува дека таканаречениот „медицински канабис“ бил само параван за организиран криминал и нелегална трговија со дрога. Овие количини се запленети од компании со лиценци за производство на канабис за медицински цели, токму оние лиценци кои беа издавани во време на Заев и Филипче. Околу 70 проценти, односно околу 30 тони од запленетата марихуана, потекнуваат од фирмата „ЦБД Медплант“ од Ново Село, компанија која во јавноста се поврзува со лица блиски до СДС, Зоран Заев и Венко Филипче. Основач на фирмата е Христијан Котев, син на Тони Котев М’гчев, поранешен претседател на општинскиот одбор на СДС во Ново Село и човек близок до Заев.“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Советот на јавни обвинители ги чека предлозите од Владата
-

Филипче: Да се зголеми минималната плата
-

Ѓорѓиевски: Скопје застанува на нозе
-

Кадровско зајакнување во КБ-ШТИП, со 60 нови вработувања
-

Ќе се реновира Ученичкиот дом во Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Камионџии и натаму добиваат црн печат, ЕК ќе презентира преодно решение следната недела
-

Електронски листи за операции
